Македонскиот фудбалер Константин Чешмеџиев (29) е ново засилување на босанскиот прволигаш Радник Бијелина. Дефанзивецот потпиша договор со тимот од Премиер лигата на Босна и Херцеговина.
Чешмеџиев, кој важи за универзален одбранбен играч способен да покрие повеќе позиции во дефанзивната линија, имал неколку понуди, но на крајот ја избрал опцијата која му ја понудил Радник.
Во својата кариера на домашна сцена настапуваше за Работнички, Шкупи, Шкендија, Македонија ЃП и последно за Гостивар. Надвор од границите на Македонија, ги бранеше боите на клубови од Бугарија, Албанија и Саудиска Арабија. Ова ќе биде негов втор ангажман во Босна и Херцеговина, откако претходно играше и за Вележ од Мостар.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












