Македонскиот првак Шкендија утревечер (20 часот) на Арената „Тодор Проески“ го игра реванш натпреварот против ТНС во воведното квалификациско коло од Лигата на шампионите. Првиот меч заврши без голови, а еден од оние кои се очекува да постигнат погодок или два на реваншот секако е Бесарт Ибраими.
„Мојата работа е да постигнувам голови и не бегам од тоа. Но, не е важно дали јас ќе бидам стрелецот, најважно е тимот да одигра добро и Шкендија да се пласира во следната рунда. Нѐ очекува уште еден тежок натпревар со ТНС, но ние ќе сториме сѐ за да ја оствариме целта и да ги израдуваме нашите навивачи“, изјави Бесарт Ибраими.
ТНС и Шкендија на првиот дуел не постигнаа гол, но разврската ќе следи на утрешниот меч во Скопје.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













