
Капитенот на Тотенхем, Хјoнг-Мин Сон, сепак нема да се пресели во Лос Анџелес, пренесуваат медиумите на Островот. Корејскиот напаѓач има уште само една година од својот договор и беше отворен за заминување по повеќе од една деценија во клубот, но на крајот било донесено решение дека засега останува во Лондон.
Ова значи дека клубот од МЛС лигата ќе мора да почека најрано до јануари, а поверојатно и цела година, за да го доведе корејскиот офанзивец, кој беше главна цел како замена за Оливие Жиру.
Сон, кој заработува околу 200.000 фунти неделно на „Тотенхем Хотспар стадиум“, е привлечен од идејата кариерата да ја заврши во САД. Тој е дел од Тотенхем од 2015 година, кога пристигна од Баер Леверкузен.
Во минатата сезона, Сон забележа уште еден значаен момент во својата кариера со освојувањето на трофејот во Лига Европа – прв поголем трофеј со Тотенхем.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Меси донесе финале за Интер Мајами (ВИДЕО)
