
Барселона се соочува со пренатрупаност на голманската позиција и активно работи на решавање на ситуацијата, при што клубот се обидува да се раздели со Марк-Андре тер Штеген и Ињаки Пења. Засега, сепак, германскиот репрезентативец е решен да остане на „Камп Ноу“.
Како што пренесува „Л’Екип“, францускиот Монако, кој неодамна го договори Ансу Фати на позајмица со можност за откуп, испратил понуда до Тер Штеген во обид да го засили голманскиот состав пред настапот во Лигата на шампионите 2025/26. Монако верува дека искуството на Германецот може да биде клучно за европските предизвици, но одговорот бил негативен.
Тер Штеген има договор со Барселона до јуни 2028 година и не сака да го напушти клубот. И покрај конкуренцијата од искусниот Војчех Шчешни, кој го продолжи договорот, и новото засилување Жоан Гарсија, капитенот на Барса сака да се бори за стартното место. Сепак, раководството не ја исклучува можноста за негово заминување, особено со оглед на тоа што трансфер-пазарот е дури на почеток.
Се очекува посебен состанок помеѓу тренерот Ханси Флик и Тер Штеген на кој ќе се разговара за иднината на голманот. Клубот се надева дека Германецот ќе го преиспита ставот, имајќи предвид дека редовната минутажа може да биде клучна за негово место на Мундијалот следното лето.
Од финансиски аспект, евентуалното заминување на Тер Штеген би било добредојдено за Барселона – неговата висока плата сериозно го оптоварува буџетот, а клубот верува дека и без него, со Гарсија и Шчешни, голманската позиција ќе биде квалитетно покриена.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тер Штеген ја одби понудата на Монако

Евро-фудбал
Се појави надеж за Лион

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди
