Хорхе Меси, таткото и агент на Лионел Меси, имаше средба со челниците на саудискиот клуб Ал Хилал, пренесува весникот „Ал Мидан“. Договорот на Лео со Интер Мајами истекува оваа година, а Ал-Хилал активно работи на тоа да го доведе во своите редови.
Аргентинецот беше клучен во успехот на Интер Мајами на Светското клупско првенство, каде го предводеше тимот до нокаут-фазата. Еден од најзапаметените моменти беше неговиот маестрален гол од директен слободен удар против Порто, со кој Интер Мајами го победи противникот со 2-1.
Интересно е што и Ал-Хилал учествува на ова првенство, па можеби тоа ја олеснува идната соработка.
До сега, Меси има одиграно 62 натпревари за Интер Мајами, во кои постигна 50 голови и запиша 24 асистенции, што дополнително ја зголемува неговата вредност на пазарот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













