Шведскиот напаѓач Виктор Ѓокереш (28), член на португалскиот шампион Спортинг Лисабон, е едно од најбараните имиња во летниот трансфер период. Откако пристигна од Ковентри пред две сезони, Ѓокереш блеска во дресот на „лавовите“ – на 102 натпревари има постигнато неверојатни 97 голови и 28 асистенции.
Досега за него интерес покажаа Манчестер Јунајтед и Арсенал, а сега во трката се приклучува и Ливерпул, кој е во потрага по нов голгетер.
Иако во договорот со Спортинг постои откупна клаузула од 100 милиони евра, според медиумите, постои и усмен договор меѓу Ѓокереш и управата на клубот, според кој напаѓачот може да замине за околу 70 милиони евра.
Поради неговата ефикасност и физичка моќ, многумина го гледаат како идеално засилување за Премиер – лигата, особено за тимови кои имаат потреба од директен и продуктивен напаѓач.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













