
Килијан Мбапе нема да настапи ниту на третиот натпревар на Реал Мадрид во групната фаза од Светското клупско првенство. Француската ѕвезда не се најде на списокот на тренерот Чаби Алонсо за дуелот против Салцбург.
Натпреварот меѓу австрискиот тим и „кралскиот клуб“ ќе се игра ноќта меѓу четврток и петок на стадионот „Линколн Филд“ во Филаделфија.
Иако Мбапе веќе се врати на тимски тренинзи, тој сè уште не е во доволно добра физичка форма поради гастроентеритис, по што загуби околу четири килограми. Според информациите на весникот „АС“, тој сè уште тренира по посебна програма за постепено враќање во форма.
На списокот на Алонсо за дуелот со Салцбург се најдоа сите останати напаѓачи: Винисиус Жуниор, Родриго, Брахим Дијас, Гонзало Гарсија и Виктор Муњоз.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор

Евро-фудбал
Рандал Коло Муани на позајмица во Тотенхем

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор
