Интер се пласираше во осминафиналето на Светското клупско првенство, откако го победи тимот на Ривер Плата со 2-0 во последниот натпревар од групата Е.
Головите ги постигнаа Франческо Пио Еспозито во 72.минута и Алесандро Бастони во 93.минута.
Аргентинците го завршија натпреварот со девет играчи, откако во 66. минута беше исклучен Лукас Мартинес Куарта, а во третата минута од судиското продолжение Гонсало Монтиел доби втор жолт картон.
Во исто време се играше и натпреварот помеѓу Урава Ред Дајмондс и Монтереј, каде што Мексиканците убедливо победија со 4-0.
Тимот на Серхио Рамос не дозволи изненадување и ја помина групната фаза со убедлива победа против Јапонците.
Ова значи дека Интер не само што успеа да го симне Ривер од првото место, туку и ги елиминираше Аргентинците од натпреварувањето, бидејќи тие останаа со бод помалку од Монтереј.
Борусија Дортмунд го совлада Улсан Хјундаи со 1-0 во последниот натпревар од групата Ф на Светското клупско првенство. Единствениот гол го постигна Даниел Свенсон во 36. минута по асистенција од Џоб Белингам.
Со оваа победа, „жолто-црните“ го обезбедија првото место на табелата, искористувајќи го нерешениот резултат без голови меѓу Флуминенсе и Мамелоди сандаунс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













