Тимот на Милан е многу блиску до постигнување договор со Торино за трансфер на играчот од средниот ред Самуеле Ричи, објавуваат италијанските медиуми. Според информациите, трансферот би можел да биде финализиран за сума од 22 милиони евра плус 3 милиони во бонуси.
Фудбалерот на Торино одамна постигнал личен договор со Милан, според кој би потпишал петгодишен договор со годишна плата од 2,5 милиони евра. 23-годишниот дефанзивен играч од средниот ред има вкупно 113 настапи за Торино со четири голови и седум асистенции, а во клубот пристигна од Емполи во 2022 година. Исто така има и 10 настапи за сениорската репрезентација на Италија.
Познато е дека „росонерите“ сакаат да донесат уште најмалку еден играч во средниот ред, покрај Самуел Ричи и веќе договорениот Лука Модриќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













