Италијанскиот гигант Милан е на чекор до ангажман на хрватската фудбалска легенда Лука Модриќ. Искусниот играч од средниот ред постигнал договор со „росонерите“.
Се очекува 39-годишниот Модриќ да го напушти Реал Мадрид по завршувањето на Светското клупско првенство и да се приклучи на Милан.
Според информациите, Модриќ и раководството на италијанскиот клуб постигнале устмен договор.
Спортскиот директор на Милан, Игли Таре, потврди дека клубот интензивно работи на трансферот на Хрватот.
„Тој е исклучително влијателна фигура во светскиот фудбал. Разговарав лично со него и тој сè уште има голема желба да игра. Неговото доаѓање е клучно, особено за тим како нашиот, на кој му се потребни фудбалери од ваков ранг“, изјави Таре.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













