Connect with us

Шок во Франција: Лион исфрлен од Лига 1 поради огромни долгови

Францускиот фудбалски гигант Лион е суспендиран од Лига 1 и е испратен во втората лига – Лига 2, поради прекршувања во финансиското управување. Одлуката ја донесе Националната дирекција за контрола на управувањето, а истата беше потврдена преку официјалната веб-страница на Професионалната фудбалска лига на Франција.

На состанокот присуствувал и претседателот на клубот, Џон Текстер, кој не успеал да ги убеди членовите на комисијата да не ја изречат оваа тешка казна. Се очекува Лион да поднесе жалба на одлуката.

Уште во ноември управата на Лион беше предупредена дека, доколку не ги реши финансиските проблеми, клубот ќе биде исфрлен од елитата. Според информациите, долгот на „лавовите“ изнесува 505,1 милиони евра.

Во изминатата сезона Лион заврши на седмото место во Лига 1 и се квалификуваше за Лига Европа.

Ако испаѓањето биде потврдено, местото на Лион во Лига 1 ќе го заземе Ремс, кој го загуби баражот против Мец.

Засега, финансискиот регулатор не презел мерки против Монако, Нант и Пари Сен Жермен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови