Три европски гиганти, Арсенал, Челси и Баерн Минхен, покажале сериозен интерес за офанзивецот на ПСЖ, Брадли Баркола, објави францускиот „Л’Екип“. Според весникот, сите три клуба испратиле примамливи понуди за 22-годишниот Французин, но заминување од Париз во овој момент изгледа малку веројатно.
Причина за тоа е ставот на тренерот Луис Енрике, кој не сака да се откаже од Баркола и го гледа како клучен дел од проектот на ПСЖ.
Баркола имаше одличен почеток на минатата сезона, постигнувајќи 10 голови во првите три месеци. Сепак, во јануари клубот го донесе Квича Кварацкелија, кој игра на истата позиција, а во пролетниот дел блесна и Дезире Дуе, што често го остави Баркола на клупата.
И покрај конкуренцијата, Баркола ја заврши сезоната во Лига 1 со 34 настапи, 14 голови и 10 асистенции – бројки кои само го потврдуваат неговиот квалитет и потенцијал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













