Интер го официјализира трансферот на Никола Залевски, кој од привремено решение прерасна во трајна аквизиција. Полскиот репрезентативец останува на „Џузепе Меаца“, откако клубот го комплетираше неговиот постојан трансфер од Рома.
Миланскиот гигант ќе уплати 6,5 милиони евра на сметката на римјаните, а Залевски потпиша договор до јуни 2029 година, со годишна плата од 1,8 милиони евра.
23-годишниот фудбалер пристигна во Интер на крајот од зимскиот преоден рок како позајмен играч. Во меѓувреме собра 17 настапи во четири различни натпреварувања, запишувајќи еден гол и една асистенција.
Претходно, Залевски беше дел од првиот тим на Рома, каде одигра 123 меча, постигна два гола и девет пати асистираше. За репрезентацијата на Полска има 29 настапи, три погодоци и седум асистенции.
Nicola Zalewski joins on a permanent basis#ForzaInter
— Inter ⭐⭐ (@Inter_en) June 23, 2025
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













