Connect with us

Интер Мајами испушти два гола предност и закажа осминафинале со ПСЖ (ВИДЕО)

Интер Мајами и Палмеирас одиграа нерешено 2-2 во натпревар од третото, последно коло во групата А на Светското клупско првенство.

Тадео Ајенде (16.) и Луис Суарез (65.) донесоа водство за Интер Мајами, но Бразилците успеаја да израмнат преку головите на Паулињо (80.) и Маурисио (87.).

Нерешениот резултат им обезбеди пласман во елиминациската фаза на двете екипи.

Во исто време се играше и натпреварот меѓу Порто и Ал-Ахли, кои имаа теоретски шанси за пласман пред почетокот, но тие сценарија не вклучуваа нерешен резултат на ниту еден од двата натпревари. Сепак, и двете средби завршија без победник, што значеше дека Американците и Бразил обезбедија место во елиминациите.

Натпреварот беше особено емотивен за еден човек, Лионел Меси, кој на денешен ден, 24 јуни, наполни 38 години и го прослави роденденот на теренот.

Интер Мајами сакаше да испише историја токму на роденденот на Меси.

И покрај желбата, нерешениот резултат значеше дека Интер Мајами заврши втор во групата, што ќе ги соочи со Пари Сен Жермен во првата елиминациска рунда – клубот каде што Меси играше од 2021 до 2023 година пред да премине во проектот на Дејвид Бекам.

Со ваквиот развој, во елиминациите ќе гледаме и бразилско дерби – Палмеирас ќе се сретне со Ботафого.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови