
Европскиот првак Пари Сен Жермен запиша втора победа во групната фаза на Светското клупско првенство, откако вечерва го совлада американскиот претставник Сиетл Саундерс со 2-0. Францускиот шампион одигра сигурен натпревар, а головите ги постигнаа Квича Кварацкелија во 35. и Ашраф Хакими во 67. минута.
Во вториот натпревар од групата, Атлетико Мадрид со минимални 1-0 го совлада бразилскиот Ботафого со голот на Антоан Гризман во самиот финиш на натпреварот – 87. минута. Сепак, и покрај победата, ова не беше доволно за „јорганџиите“ да обезбедат пласман понатаму.
Имено, ПСЖ, Ботафого и Атлетико Мадрид имаат по шест освоени бода, но поради послабата гол-разлика, тимот на Диего Симеоне ја заврши својата авантура на клупскиот мундијал уште во групната фаза.
Францускиот гигант, пак, го потврди статусот на фаворит и ќе ја продолжи борбата за светската круна.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тео Хернандез прави трансфер во Ал-Хилал

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж

Прва лига
Струга ТЛ се раздели со Стефан Спировски
