Шпанскиот гигант Реал Мадрид сериозно размислува да се раздели со бразилскиот крилен напаѓач Родриго, пренесува реномираното радио „Кадена Сер“. Како што се наведува, клубот ќе бара околу 90 милиони евра за неговите услуги.
За Родриго веќе постои сериозен интерес од страна на Арсенал, додека самиот фудбалер, според истите извори, сака да ги разгледа и другите можности, вклучително и потенцијален интерес од Манчестер Сити, кој го следи неговиот статус.
Раководството на „кралскиот клуб“ планира евентуалните средства од трансферот да ги насочи кон засилување на средниот ред, откако новиот тренер Чаби Алонсо најави дека сака ново креативно решение за следната сезона.
Родриго во сезоната 2024/25 одигра 30 натпревари во Ла Лига и постигна шест голови. Реал Мадрид ја заврши кампањата на второто место зад најголемиот ривал – Барселона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













