Манчестер Јунајтед покажува сериозен интерес за ангажман на францускиот репрезентативец Кристофер Нкунку, пренесува угледниот француски весник „Л’Екип“. Според информациите, клубот од „Олд Трафорд“ веќе започнал прелиминарни разговори со агентите на играчот за можен трансфер ова лето.
Нкунку, кој во Челси пристигна во 2023 година од Лајпциг, изразил желба да го напушти клубот од Лондон. Во минатата сезона 27-годишниот офанзивен играч одигра 27 натпревари во Премиер – лигата и постигна три гола, но не успеа целосно да го оправда очекуваниот потенцијал, најмногу поради проблеми со повреди.
Французинот, кој ја започна кариерата во Пари Сен Жермен, има 14 настапи и еден погодок за националниот тим на Франција, дебитирајќи во март 2022 година.
Манчестер Јунајтед се очекува да биде активен на летниот трансфер пазар, особено по неуспешната сезона во која клубот не успеа да освои ниту еден трофеј. Потенцијалното доаѓање на Нкунку се гледа како дел од поширокиот план за реконструкција на тимот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













