Connect with us

Валенсија го стави Столе Димитриевски на трансфер-листа

Столе Димитриевски речиси сигурно ќе ги смени клупските бои летово, откако управата на Валенсија неочекувано реши да го стави македонскиот репрезентативец на трансфер-листата.

Да потсетиме, Димитриевски имаше неколку понуди по заминувањето од Рајо Валјекано, но ја избра Валенсија со надеж дека ќе го наследи Мамардашвили, за кого беше најавено дека ќе биде продаден веднаш по ЕВРО 2024. Иако трансферот на грузискиот голман во Ливерпул се реализира, англискиот клуб даде зелено светло Мамардашвили да остане уште една сезона на „Месталја“.

Се очекуваше Димитриевски да стане прва опција меѓу стативите, но дојде до промена на тренерската позиција – новиот стратег Карлос Корберан инсистираше на ангажман на Хулен Агирезабала од Атлетик Билбао, кој ќе дојде на позајмица како прв голман. Дополнително, Корберан планира да го врати Кристијан Риверо од позајмица како втор избор, што е јасен сигнал дека Димитриевски нема да биде дел од неговите планови за следната сезона.

Договорот на Димитриевски со Валенсија важи до јуни 2026 година, па ова лето е идеален момент клубот да инкасира неколку милиони евра за голманот што лани пристигна без никакво обештетување од Рајо Валјекано. Шпанските медиуми пренесуваат дека Македонецот и понатаму ужива одличен углед во земјата и не би требало да има проблем да пронајде нов клуб, каде што ќе му се укаже поголема доверба.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови