
Интер не го совлада мексиканскиот Монтереј во својот прв натпревар од групата „Е“ на Светското клупско првенство. Натпреварот кој се одигра на „Роуз Боул“ заврши 1-1.
Легендата на Реал Мадрид, Серхио Рамос, му донесе предност на Монтереј во 25. минута, а Лаутаро Мартинез израмни во 42. минута од мечот.
Во второто полувреме голот на Лаутаро Мартинез не беше признат поради офсајд, а одбраната на Монтереј, предводена од Серхио Рамос, успеа да издржи и да донесе реми.
Серхио Рамос ја носеше капитенската лента за Монтереј, а во почетниот состав беа и Серхио Каналес, Лукас Окампос и Оливер Торес. Хесус Корона беше на клупата.
Кристијан Киву дебитираше на клупата на Интер. Но, овој натпревар беше деби и за новиот тренер на Монтереј, Доменек Торент, поранешен помошник на Пеп Гвардиола, кој го замени Мартин Демикелис.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија подобра од Аргеш Питешти
