Наполи продолжува со амбициозна надградба на тимот, потврдувајќи дека паметната стратегија од претходните сезони дава резултати. Доаѓањето на Антонио Конте како тренер претставува голем потег, а освоената нова титула само ја зацврсти позицијата на клубот како сериозен играч на италијанската и европската сцена.
Контe останува на клупата, а и основниот костур на тимот ќе биде задржан. Единствено прашање останува судбината на Виктор Осимен, кој речиси сигурно ќе биде продаден. Очекуваната сума од над 70 милиони евра ќе биде искористена за нови засилувања.
Првото големо име веќе пристигна – Кевин де Бруин. Белгиецот со огромно искуство и квалитет ќе има клучна улога во средниот ред на Наполи.
Следната голема цел е Адемола Лукман од Аталанта. Нигериецот е отворен за трансфер и привлечен му е проектот на Наполи. Сепак, клубот од Бергамо бара 60 милиони евра, додека понудата засега изнесува 50 милиони.
Според информации на „Газета дело Спорт“, се очекува нова понуда од 55 милиони плус бонуси, што би можело да ја склучи зделката. Шансите за трансферот се проценуваат на 80%, а конечен исход се очекува до средината на јули.
Иако неколку клубови од Премиер – лигата се заинтересирани и би можеле да се вмешаат, предноста на Наполи е јасната визија и желбата на Лукман да се пресели токму таму.
Покрај Лукман, на списокот на засилувања се наоѓа и 20-годишниот Мароканец од Бриж – Чемседин Талби. Станува збор за крилен играч проценет на околу 20 милиони евра, а интересот од Наполи е сериозен.
Антонио Конте го подготвува теренот за уште една силна сезона, а новите имиња во тимот го потврдуваат амбициозниот правец во кој се движи клубот од Неапол.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)













