Македонскиот прволигаш Работнички го доведе второто засилување за новата сезона и настапот во квалификациите за Конференциската лига. Тоа е Дашмир Елези, своевремено еден од најталентираните напаѓачи во македонскиот фудбал.
20-годишниот Елези доаѓа како слободен агент откако се раздели со косовскиот тим Приштина.
Дашмир Елези ги имаше своите почетоци во младинската школа на Шкендија, три сезони играше во првиот тим на актуелниот шампион, а потоа замина во Хрватска, носејќи го дресот на Локомотива Загреб.
По ова заигра за Приштина, а сега се враќа во македонскиот фудбал, потпишувајќи тригодишен договор со Работнички.
„Романтичарите“ претходно го доведоа и голманот Васко Василев, кој е младински репрезентативец на Македонија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













