
Манчестер Сити продолжува агресивно да го гради тимот за иднината. Според информации на „Атлетик“, англискиот премиерлигаш постигнал договор со норвешкиот клуб Розенборг за трансферот на 18-годишниот талентиран играч од средниот ред, Свере Нипан.
Вредноста на трансферот изнесува 14,6 милиони евра, а иако личните услови сè уште не се финализирани, на маса е договор до летото 2030 година. Планот на Сити е Нипан да остане на позајмица уште една сезона, додека не се приклучи на првиот тим во текот на сезоната 2026/27.
Манчестер Сити го следеше младиот Норвежанец уште од зимскиот трансфер период, а интересот повторно се активира по неговите одлични настапи за Розенборг. Од 2022 година,Нипан одигра 70 официјални натпревари за норвешкиот клуб, постигна 14 голови и асистираше 11 пати.
Во јули 2024, тој беше стартер во пријателски натпревар против Манчестер Јунајтед, каде Розенборг славеше со 1-0, настап кој дополнително го привлече вниманието на европските скаути.
Нипан е исклучително флексибилен играч – може да игра како дефанзивен, централeн и офанзивен играч од средниот ред, па дури и како напаѓач. Тој е редовен член на младите репрезентации на Норвешка – од У15 до У21.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го купи Тер Штеген

Евро-фудбал
Гонзало Гарсија нов тренер на Хајдук Сплит

Евро-фудбал
Уапсен најголемиот нарко-дилер меѓу фудбалерите

Прва лига
Работнички го доведе Дашмир Елези
