
Македонскиот голгетер Марко Ѓорѓиевски и официјално ги започна подготовките со својот нов клуб – Клуж од Романија, ставајќи точка на еден и отворајќи ново фудбалско поглавје во кариерата.
По потпишувањето на договорот минатата недела и трансферот од редовите на Силекс, Ѓорѓиевски веќе е дел од тренажниот процес на романскиот тим, кој ова лето ќе се натпреварува на европска сцена.
Како најдобар стрелец во македонската Прва лига во минатата сезона, од Ѓорѓиевски се очекува многу. Во Клуж веруваат дека токму неговиот голгетерски инстинкт ќе биде клучен адут во атакот на титулата и настапите во Европа.
Клуж ја заврши изминатата сезона како второпласиран тим во романскиот шампионат, што им обезбеди билет за настап во европските квалификации.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Сити подготвува понуда за Родриго
