
Германскиот гигант Баерн Минхен ова лето дефинитивно ќе се обиде да донесе ново лево крило. Главна цел на баварскиот клуб е 22-годишниот француски репрезентативец Бредли Баркола од ПСЖ.
Спортскиот директор Макс Еберл го смета Баркола за врвен приоритет, но трансферот нема да биде лесен за реализација. Сепак, од „Алијанц Арена“ веќе се прават првични чекори за да се испитаат условите под кои ПСЖ би прифатил да го пушти играчот.
Минатата сезона Баркола имаше импресивен учинок – 21 гол и 19 асистенции. Неговиот договор со новиот европски шампион важи уште три години, а се проценува дека вреди околу 70 милиони евра.
Ако трансферот на Баркола не се оствари, Баерн ќе се насочи кон Нико Вилијамс од Атлетик Билбао. Шпанскиот репрезентативец веќе дал позитивни сигнали за преселба во Минхен, но неговите високи финансиски барања може да претставуваат пречка за реализација на зделката.
Други имиња кои се на радарот на баварскиот клуб се Рафаел Леао (Милан), Каору Митома (Брајтон) и Коди Гакпо (Ливерпул).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн Минхен тргнува по Луис Дијаз од Ливерпул

Прва лига
Босанецот Армин Бешагиќ го засили Арсими

Прва лига
Стефан Спировски се врати во Пелистер

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
