
Интер има ново тренерско решение – клубот официјално потврди дека Кристијан Киву го презема кормилото на „нерoаѕурите“. Романскиот стратег потпиша двегодишен договор и на клупата ќе го наследи Симоне Инзаги, кој по четири години замина од „Сан Сиро“.
Киву доаѓа од Парма, каде работеше краток период, околу четири месеци, но успеа да го задржи тимот во Серија А. Тој не е непознато име во Интер, како поранешен фудбалер на клубот, а и како тренер во младинските категории од 2018 до 2024 година.
Pronto per nuove sfide 🪖#ForzaInter #WelcomeCristian pic.twitter.com/bHn2khbIsr
— Inter ⭐⭐ (@Inter) June 9, 2025
Доброто познавање на структурата и културата на клубот е голем адут за Киву, особено со оглед на тоа што има кратко време за подготовка пред стартот на Светското клупско првенство.
Минатата сезона беше големо разочарување за „нероаѕурите“. Интер целеше кон три трофеи, но остана без ниту еден – заврши втор во Серија А зад Наполи, беше елиминиран од Милан во полуфиналето на Купот на Италија, а загуби и во финалето од Лигата на шампиони од Пари Сен Жермен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно
