Connect with us

Коло Муани останува во Јувентус, Влаховиќ пред заминување

Јувентус и Пари Сен Жермен постигнаа договор за продолжување на позајмицата на Рандал Коло Муани, објавуваат француските и италијанските медиуми. Засега, двете страни се согласиле Французинот да настапи за „старата дама“ на Светското клупско првенство, но торинскиот клуб има намера да го задржи и за целата наредна сезона.

ПСЖ не смета на Коло Муани во своите идни планови и е подготвен да го отстапи повторно на заем, но сака новиот договор да вклучува и опција за откуп. И покрај тоа што не беше секогаш константен со своите настапи, францускиот репрезентативец е најефикасниот напаѓач на Јувентус во 2025 година.

Задржувањето на Коло Муани станува уште поважно за Јувентус поради можното заминување на Душан Влаховиќ. Српскиот напаѓач има договор до јуни 2026 година, но клубот не планира да му понуди продолжување. Влаховиќ водеше преговори со турскиот гигант Фенербахче, но моментално ги замрзна разговорите – сака да разговара со Масимилијано Алегри.

Сегашниот тренер на Милан веќе стапил во контакт со него. Алегри беше клучниот човек за неговото ангажирање во Јувентус пред неколку сезони и двајцата имаат одличен однос. Сепак, евентуален трансфер на „Сан Сиро“ би бил компликуван поради високата плата на Влаховиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови