Connect with us

Ливерпул ќе го направи Флоријан Вирц втор најплатен играч на „Енфилд“, веднаш зад Салах

Флоријан Вирц, еден од најголемите таленти на германскиот фудбал, е на прагот на сензационален трансфер во Ливерпул. Според германскиот „Билд“, „црвените“ веќе испратиле нова понуда до Баер Леверкузен, со која се приближуваат до барањата на клубот.

Според истиот извор, 21-годишниот офанзивен играч ќе потпише петгодишен договор и ќе заработува околу 355.000 фунти неделно – што го позиционира како втор најплатен играч во тимот, зад Мохамед Салах.


Со оваа плата Вирц би го надминал дури и капитенот Ван Дајк, кој заработува нешто помалку.

Ливерпул е подготвен да го урне сопствениот трансферен рекорд – и можеби целиот рекорд на Премиер – лигата – со понуда од 100 милиони фунти, плус 13 милиони во бонуси, додека Баер Леверкузен бара износ кој ќе ги надмине 115-те милиони фунти платени од Челси за Каиседо.
Вкупниот трансфер, со бонуси, би можел да достигне до 150 милиони евра.

И покрај огромната сума, Вирц истакнува дека парите не се негов приоритет.


„Никогаш не сум се водел од финансискиот аспект. За мене, спортскиот предизвик е секогаш на прво место“, изјави Вирц, кој откри дека во младоста родителите му управувале со платата, праќајќи му само по 150 евра месечно – нешто што, како што вели, го изградило како личност.

Младиот Германец веќе го информирал Баер Леверкузен дека сака да се пресели на „Енфилд“, одбивајќи интерес од Баерн Минхен и Манчестер Сити. Новиот менаџер на Ливерпул, Арне Слот, му гарантирал место на позицијата „број 10“ во својата тактичка визија – што било клучен фактор за одлуката на Вирц.

Се очекува трансферот да биде официјализиран наскоро, по што Ливерпул ќе добие засилување кое може да биде носител на играта во следната деценија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови