Connect with us

Џоб Белингам по стапките на Џуд – Борусија Дортмунд го договори трансферот од Сандерленд

Борусија Дортмунд и Сандерленд постигнаа договор за трансферот на 19-годишниот талентиран играч за врска, Џоб Белингaм.

Фиксната сума на трансферот изнесува 33 милиони евра, на која се додадени бонуси од 5 милиони евра, како и 15% од идната продажба на играчот – што претставува рекорден излезен трансфер за англискиот клуб-новак во Премиер – лигата. Првата понуда од 20 милиони евра била одбиена.


Според информациите, Џоб Белингам ќе потпише петгодишен договор со „милионерите“.

Со тоа, на „Сигнал Идуна Парк“ повторно ќе има фудбалер со презимето Белингам. Неговиот повозрасен брат Џуд беше дел од Борусија Дортмунд три сезони пред да прејде во Реал Мадрид во летото 2023 година за 113 милиони евра.

Џоб, кој како и брат му потекнува од академијата на Бирмингам, изминатите две сезони ги мина во Сандерленд, каде што одигра 90 натпревари, постигна 11 голови и забележа 4 асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови