
Франција го освои третото место во Лигата на нации 2025, откако со 2-0 ја совлада Германија во натпревар исполнет со динамика, но и со проектирана класа на „триколорите“. Херојот на денот беше Килијан Мбапе, кој го отвори резултатот и подоцна асистираше за вториот гол.
„Панцирите“ под водство на Џулијан Нагелсман започнаа жестоко, агресивно и со амбиција брзо да поведат. Германците креираа неколку ветувачки шанси во првите 30 минути, но недостигот на прецизност ги чинеше скапо.
Mbappe | 🇩🇪 Germany 0-1 France 🇫🇷
— Goals Xtra (@GoalsXtra) June 8, 2025
Great control and finish!pic.twitter.com/FjD7yHCQMK
Французите мудро ја дочекаа својата шанса – во 45. минута, по една брза транзиција, Мбапе погоди прецизно за водство од 1-0. До крајот на првото полувреме, резултатот остана непроменет.
Во вториот дел, Германија се фрли во тотална офанзива. Упатија пет удари во рамките на голот, а еден погодок на Ундав беше поништен поради прекршок. Но, наместо израмнување, следеше нов удар – во 84. минута, Мбапе повторно беше во центарот на вниманието. Брза контра, прецизна асистенција и сигурна реализација на Мајкл Олисе – 2-0 за Франција.
🚨🇪🇺 MICHAEL OLISE DOUBLES THE LEAD FOR FRANCE !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
— Źeus 🧌 (@i_zeeus) June 8, 2025
2-0 France.
pic.twitter.com/BBK4jYWkLn
Со овој триумф, „галските петли“ се закитија со бронзата на Лигата на нации. Преостанува уште финалето, каде ќе се решава кој ќе ја освои титулата – Шпанија или Португалија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дарко Велковски е ново засилување за Зрињски

Евро-фудбал
Галатасарај во офанзива за Ким Мин-Јае

Евро-фудбал
Олимпик Марсеј сака да го врати Нејмар во Европа
