
Арсенал е подготвен да ја активира ослободителната клаузула на крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, во износ од 51 милион фунти, но шансите за негов ангажман остануваат мали бидејќи играчот е „силно неодлучен“ во однос на трансфер надвор од Шпанија.
„Топчиите“ планираат сериозно засилување на нападот летово, при што освен класичен централен напаѓач, приоритет им е и крилен напаѓач. Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, одамна го следи Нико Вилијамс, кој блеска во дресот на Атлетик Билбао и шпанската репрезентација. Сепак, 22-годишниот фудбалер во моментов сака да остане во својата татковина.
Арсенал најверојатно ќе мора да го пренасочи вниманието кон други опции — слично како што се случи и со вратарот Жоан Гарсија од Еспањол. Иако беа договорени личните услови со фудбалерот, трансферот пропадна, а Гарсија е пред преселба во Барселона. Арсенал брзо реагираше и сега се насочува кон Кепа Аризабалага од Челси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно
