Connect with us

Нејмар со нов пех, сега закачи „корона“

Бразилскиот фудбалер Нејмар е позитивен на вирусот Ковид-19, јавуваат бразилските медиуми.

Ништо не го заобиколи Нејмар во текот на неговата кариера, особено во последните неколку години. Речиси нема пех што не го доживеал – од полесни повреди, стомачни проблеми, па сè до скинати предни вкрстени лигаменти на коленото… Сега не го одмина ниту коронавирусот.

Тој е надвор од теренот од четврток, кога се појавиле првите симптоми. Се наоѓа во домашна изолација и се опоравува.

Од враќањето во Сантош, Нејмар има одиграно 14 натпревари, постигна три гола и забележа три асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови