
Алехандро Гарначо повторно би можел да заигра под водство на Ерик тен Хаг, овојпат во Баер Леверкузен. Според информации на Германија, холандскиот стратег, кој неодамна го презеде германскиот тим, го посакува аргентинскиот крилен напаѓач, а „аспирините“ веќе испратиле официјално барање до Манчестер Јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ го ставиле Гарначо на трансфер-листата откако крилото падна во немилост кај новиот менаџер на Јунајтед, Рубен Аморим, кој го замени токму Тен Хаг. Португалецот дури и порача на младата ѕвезда дека треба „да се моли“ да најде нов клуб.
Под водство на Тен Хаг, Гарначо одигра 98 натпревари за Јунајтед, постигна 20 голови и запиша 15 асистенции. Сепак, во последната сезона неговата форма значително опадна – само четири голови и шест асистенции во 40 натпревари.
Интерес за Аргентинецот покажуваат и Наполи и Челси, но новиот проект во Баер Леверкузен под раководство на Тен Хаг, со кого Гарначо веќе има воспоставена релација, може да биде клучен фактор.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно
