Македонскиот прволигаш Работнички го именуваше Бојан Маркоски за нов шеф на стручниот штаб. Раководството на клубот му даде доверба на Маркоски, кој во изминатата сезона беше десна рака на Горан Станиќ. Досегашниот стратег на „романтичарите“ по завршувањето на сезоната замина на селекторската позиција на Македонија У21.
Бојан Маркоски треба да ја продолжи клупската стратегија за форсирање на млади и талентирани фудбалери и ќе се обиде повторно да го одведе тимот до горните позиции на табелата кои носат излез во Европа.
Дебито на клупата на Работнички, Бојан Маркоски ќе го има токму на меѓународната сцена, во квалификациите на Конференциската лига. Тој утре треба да ја изврши првата прозивка на тимот, со што Работнички и официјално ќе ги стартува подготовките за новата сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













