
Македонскиот прволгаш Силекс доведе уште едно засилување. Нов член на кратовскиот тим е 20-годишниот дефанзивец Малик Хамзиќ.
Хамзиќ е младински репрезентативец на Македонија и во Силекс доаѓа од редовите на Гостивар. Станува збор за играч од одбраната со добар потенцијал, кој веќе има забележителни настапи во домашниот шампионат, а сега ќе има можност за нов предизвик во дресот на кратовскиот клуб.
Силекс активно се подготвува за новата сезона, а со ангажманот на Хамзиќ најавува јасна стратегија за подмладување и засилување на одбраната. Кратовци ќе ја претставуваат Македонија во квалификациите за Конференциската лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Жозе Мурињо ќе биде нов тренер на Бенфика?
