Синоќа на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, белгиската репрезентација одржа тренинг во пресрет на вечерашниот натпревар со Македонија (20:45 часот), кој е дел од третото коло на квалификациите за Светското првенство 2026.
Во белгиската експедиција се наоѓа и фудбалската легенда Енцо Шифо – еден од најголемите играчи на Белгија од деведесеттите години. Заедно со поранешниот репрезентативен колега Жил де Билде, Шифо испрати порака:
„Точно пред 30 години победивме овде со 0-5.“
Тој натпревар одигран на 7 јуни 1995 година на Градскиот стадион во Скопје пред празни трибини (Македонија тогаш беше казнета од УЕФА), останува запаметен како еден од најтешките домашни порази на нашата репрезентација. Шифо тогаш постигна два гола, а Белгијците демонстрираа супериорност.
Но, македонските навивачи сакаат да се сеќаваат и на првиот меѓусебен натпревар со Белгија во 1994 година во Брисел, кога Македонија ги шокираше домаќините со реми 1-1, благодарение на славниот гол на Зран „Чоко“ Бошковски против Прудом. Тоа останува еден од највпечатливите моменти од почетоците на македонската репрезентација.
На натпреварот од 1995 година за Македонија настапија легенди како Дарко Панчев, Илија Најдоски, Вујадин Станојковиќ, Бошко Ѓуровски и Давид Бабунски, но и покрај искуството, претрпеа тежок пораз. Селектор тогаш беше Андон Дончевски – човекот кој и денеска, 30 години подоцна, ќе биде на трибините во Скопје, откако специјално допатува од Австралија за да го бодри националниот тим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













