
Кристијан Киву е на чекор од назначување за нов тренер на Интер. Романскиот стратег синоќа се сретна со раководството на клубот, а разговорите, според извори од Италија, поминале во позитивна атмосфера. Се очекува Киву денес официјално да стави потпис на договор со важност од две години.
Поранешниот дефанзивец на „нерoаѕурите“ беше забележан на балконот од хотел во центарот на Милано заедно со спортскиот директор Дарио Бачин. Подоцна од истиот хотел излегоа и претседателот на клубот, Бепе Марота и Пјеро Аузилио.
Интер реши да му ја довери клупата на Киву откако Симоне Инѕаги ја прифати богатата понуда од Ал-Хилал. Прв избор на раководството беше Цеск Фабрегас, но клубот Комо одби да го ослободи Шпанецот.
Меѓу опциите бил и Патрик Виеира од Џенова, но Киву добил предност поради две клучни причини: слободен е на пазарот по краткотрајната авантура со Парма и има длабока поврзаност со клубот. Киву беше дел од тимот на Интер кој ја освои тројната круна во 2010 година, а потоа долги години работеше во младинските категории на клубот.
Потпишувањето на договорот се очекува денес во клупските простории, а договорот ќе биде вреден околу 1,5 милиони евра по сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
