
Шпанија и Франција одиграа неверојатен натпревар со девет гола, но на крајот „црвената фурија“ триумфираше со 5-4 и избори финале во Лигата на нации. Натпреварот во Минхен беше вистински фудбалски спектакл, кој уште еднаш ја покажа силата на младата шпанска генерација.
Франција, предводена од ѕвездите на ПСЖ и Реал Мадрид, влезе со големи очекувања, но беше изненадена од брзината и креативноста на Шпанците. Веќе во првото полувреме, Нико Вилијамс и Мерино ги донесоа во водство со 2-0, а иако Хујсен постигна трет гол, беше поништен по ВАР-интервенција.
Во вториот дел, вистинска експлозија – младото дуо на Барселона, Ламин Јамал и Педри, даде два гола во една минута за 4-0. Мбапе врати надеж за Французите од пенал, но само кратко – Јамал повторно погоди за 5-1.
Во завршницата, Шпанците ја намалија агресивноста, па Франција преку Черки, автоголот на Вивиан и голот на Коло Муани во судиското надополнување успеа да го ублажи поразот.
Шпанија ќе се соочи со Португалија во големото финале, откако Португалците го елиминираа домаќинот Германија. Финалето ветува уште еден врвен фудбалски спектакл.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Кунде добива нов договор од Барселона

Евро-фудбал
Милан го расипа дебито на Вирц за Ливерпул

Евро-фудбал
Родриго де Пол е ново засилување за Интер Мајами

Евро-фудбал
Хјонг-Мин Сон заминува од Тотенхем

Евро-фудбал
Фулам сака да го доведе Рахим Стерлинг

Евро-фудбал
Хјонг-Мин Сон заминува од Тотенхем

Интернационалци
Дарко Велковски е ново засилување за Зрињски
