
Стефано Пиоли, актуелниот тренер на Ал-Наср, е подготвен да го напушти клубот од Саудиска Арабија за да се врати во Италија и повторно да го преземе кормилото на Фиорентина, јавуваат италијанските медиуми.
Пиоли го презеде тимот на Кристијано Роналдо во септември минатата година, но поради неуспешната прва сезона, разделбата изгледа неизбежна. Првично се шпекулираше дека 59-годишниот стратег ќе го наследи Џанпјеро Гасперини во Аталанта, но според најновите информации, преговорите со Фиорентина биле поуспешни. Тој треба повторно да седне на клупата на „Артемио Франки“, каде што веќе беше тренер од јули 2017 до април 2019 година.
Пиоли, кој освои титула со Милан во 2022 година, ќе го замени Рафаеле Паладино, кој доброволно се повлече од функцијата. Според „Скај Италија“, токму Пиоли е посакуваниот тренер на Фиорентина, а тој веќе дал согласност да го преземе клубот.
Се очекува неговиот договор да биде на две или три години, но официјалниот почеток на неговата работа во Фиренца ќе се случи дури во втората половина на јули. Причината е што треба да остане во Ал-Наср најмалку до 15 јули за да може да ги искористи даночните поволности од својот високо платен договор во Саудиска Арабија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
