
Интер има нов фаворит за наследник на Симоне Инзаги по неуспешниот обид да го ангажира Цеск Фабрегас од Комо, пренесуваат италијанските медиуми. Станува збор за поранешниот фудбалер и тренер во младинската школа на клубот, Кристијан Киву, кој во моментот е тренер на Парма.
Интересно е што „крстоносците“ имале намера да му понудат нов договор на младиот стручњак до летото 2027 година, и притоа веќе започнале преговори. Сепак, тие му дале зелено светло на Интер да стапи во контакт со претставниците на поранешниот дефанзивец.
Самиот Киву исто така има желба да се врати на „Џузепе Меаца“ како главен тренер на првиот тим. Романецот има силна врска со миланскиот гигант, каде што играше седум години (2007–2014), а потоа работеше како тренер во младинските категории на клубот од 2018 до 2024 година.
Првото искуство на Киву како тренер на сениорски тим дојде дури во втората половина од минатата сезона, кога беше назначен од Парма. Неговата задача беше да го обезбеди опстанокот на тимот во Серија А, што и успеа со три победи, седум ремија и три порази на 13 натпревари, по што Парма заврши на 16. место на табелата.
Се очекува Киву да потпише двегодишен договор со Интер, со плата од 2 милиони евра по сезона. Во меѓувреме, другиот кандидат за клупата на „нероаѕурите“, Патрик Виера, исто така ќе потпише договор до летото 2027 година, но со неговиот сегашен клуб Џенова. Од друга страна, наследник на Киву во Парма најверојатно ќе биде некој од Алберто Џилардино и Даниеле де Роси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
