Connect with us

Шпанија и Франција ќе расчистуваат стари сметки во нова битка за финале во Лигата на нации

Двете фудбалски велесили Шпанија и Франција имаат долга историја на меѓусебни дуели, а последните пресметки беа особено драматични. На Европското првенство 2024, Шпанија ја елиминираше Франција во полуфиналето со победа од 2-1 на „Алијанц Арена“. Претходно, во финалето на Лигата на нации 2021, Франција славеше со истиот резултат – 2-1.

Во последните пет меѓусебни натпревари, двете репрезентации имаат по две победи, а еден натпревар заврши нерешено. И двете селекции имаат титула од Лигата на нации и сега се надеваат дека ќе успеат повторно да стигнат до трофејот.

Вечерва ќе играат за нов пласман во финалето од Лигата на нации.

Шпанија до полуфиналето стигна по возбудлив натпревар со Холандија (3-3), каде победи на пенали. Франција, пак, ја елиминираше Хрватска по победа со 2-0 исто така по пенал-серија, бидејќи регуларниот дел заврши без голови.

Тимот на Луис де ла Фуенте важи за благ фаворит, благодарение на одличната форма и самодовербата стекната по освојувањето на ЕВРО 2024. „Црвената фурија“ нема пораз уште од март 2024, што е дополнителен мотив за шпанските навивачи.

Натпреварот ветува вистинска фудбалска драма и уште една класика меѓу две од најсилните селекции во Европа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови