
Фудбалската репрезентација на Португалија обезбеди пласман во финалето на завршниот турнир од Лигата на нациите, откако во возбудлив натпревар на „Алијанц Арена“ во Минхен успеа да ја победи Германија со 1-2.
Првото полувреме помина без погодоци, иако Германија беше поактивна. Леон Горецка и Ник Волтемаде имаа свои обиди, но Диого Кошта успешно го одбрани својот гол.
Во второто полувреме, Германија поведе преку Флориан Вирц, кој по одлична асистенција од Џошуа Кимих во 48. минута, излезе сам пред Кошта и со удар со глава ја затресе мрежата за 1-0. Иако ВАР ја провери ситуацијата поради можна офсајд позиција на Волтемаде, главниот судија Славко Винчиќ го призна погодокот.
Сепак, пресвртот го донесе селекторот на Португалија, Роберто Мартинез, кој направи тројна измена воведувајќи ги во игра Консеисао, Семедо и Витиња. Токму тие беа клучни во промената на текот на мечот. Португалија прво израмни, а потоа и дојде до целосен пресврт со два погодока во второто полувреме. Консеисао израмни со спектакуларен погодок од далечина, а Кристијано Роналдо беше творец на пресвртот со 137.гол во дресот на Португалија.
Со оваа победа од 1-2, Португалија избори пласман во финалето на Лигата на нациите, додека Германија ќе игра за третата позиција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
