
На стадионот „Алијанц Арена“ во Минхен, каде пред неколку дена се играше финалето на ЛШ, продолжуваат големите дуели. Вечерва ќе се одигра големото полуфинале од Лигата на нациите помеѓу фудбалските репрезентации на Германија и Португалија. Натпреварот ќе го суди словенечкиот арбитар Славко Винчиќ, а победникот ќе се пласира во големото финале на 8 јуни, каде ќе го очекува подобриот од дуелот меѓу Шпанија и Франција. Поразениот од овој меч, пак, ќе се бори за третото место истиот ден попладне.
Двете селекции покажаа високо ниво на игра во текот на турнирот. Германија ја елиминираше Италија во четвртфиналето со вкупен резултат 5-4, додека Португалија направи пресврт против Данска, откако по поразот од 0-1 во првиот натпревар, забележа убедлива победа од 5-2 во реваншот.
И двете репрезентации имаат идентичен број на освоени поени во досегашниот тек од Лигата на нациите – по 14. Германија има постигнато 23 голови, додека Португалија 18, но и двете селекции имаат примено по осум погодоци.
Во групната фаза, Португалија заврши како лидер во својата група, а истото го стори и Германија.
Германците ќе се потпрат на младата ѕвезда Флоријан Вирц, кој досега има три гола и три асистенции на турнирот.
Од друга страна, Португалија ќе ја води искусниот плејмејкер Бруно Фернандеш, кој има два гола и две асистенции на своето конто и е еден од најконстантните играчи во составот на Роберто Мартинез.
Историјата е на страната на Германија – тие се победници во последните пет меѓусебни дуели на големите натпреварувања, вклучително и последниот на Европското првенство 2021, кога славеа со 4-2, токму на „Алијанц Арена“.
Сите очи вечерва ќе бидат вперени кон Минхен, каде што се очекува вистински фудбалски спектакл меѓу две од најсилните селекции во Европа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал

Евро-фудбал
Кунде добива нов договор од Барселона

Евро-фудбал
Милан го расипа дебито на Вирц за Ливерпул

Евро-фудбал
Хјонг-Мин Сон заминува од Тотенхем

Евро-фудбал
Фулам сака да го доведе Рахим Стерлинг

Интернационалци
Дарко Велковски е ново засилување за Зрињски
