
Mенаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ќе го изостави Џек Грилиш од составот за претстојното Светско клупско првенство, што се смета за сигурен сигнал дека 29-годишниот англиски репрезентативец ќе го напушти клубот ова лето.
Грилиш пристигна во Сити во 2021 година од Астон Вила за рекордни 100 милиони фунти, а во првата сезона имаше значајна улога во историската тројна круна – титулите во Премиер – лигата, ФА купот и Лигата на шампионите.
Сепак, формата на офанзивниот играч постепено опадна, а минатата сезона се најде далеку од стандардниот состав. Во последното коло од Премиер – лигата, кога Сити се бореше за директен пласман во Лигата на шампионите, Грилиш дури не беше ни повикан во тимот за натпреварот против Фулам.
Гвардиола тогаш беше критичен:
„Џек треба самиот да одлучи дали сака да остане. Сѐ е во негови раце.“
Сега, со новото исклучување од плановите за Светското клупско првенство, иднината на Грилиш е речиси решена.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
