
Најдобриот стрелец во изминатата сезона во Првата лига, Марко Ѓорѓиевски, потпиша договор со романскиот клуб Клуж. 25-годишниот голгетер направи трансфер по две и пол сезони во дресот на Силекс Кратово, каде одигра 71 натпревар, постигна 30 голови и запиша 13 асистенции.
Во штотуку завршената сезона, Марко беше најдобар стрелец во Првата македонска фудбалска лига, делејќи го признанието со Бесарт Ибраими.
Во текот на својата кариера, Марко Ѓорѓиевски играше и за Брера Струмица и Шкупи, со кој ја освои титулата шампион на Македонија во 2022 година, како и во Србија за клубовите Вождовац и Раднички Пирот.

Тој е и поранешен младински репрезентативец на Македонија, со седум настапи за селекцијата на Македонија до 21 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Шешко ќе избира меѓу Њукасл и Манчестер Јунајтед

Евро-фудбал
Интер постави ултиматум за трансферот на Лукман
