Францускиот репрезентативец Вилијам Салиба се договорил за нов петгодишен договор со Арсенал. Неговиот актуелен договор на „Емиратс“ истекуваше во летото 2027 година, а преговорите за продолжување траеја со месеци, отворајќи дилеми околу неговата долгорочна иднина во Северен Лондон. Сега, сепак, централниот дефанзивец е подготвен да потпише и да стави крај на шпекулациите за својата иднина.
Според информациите на „Атлетик“, Салиба ќе го парафира новиот договор во наредните денови. 24-годишниот фудбалер уште во летото изјави дека е уверен во успешен исход на преговорите и нема намера да го напушти клубот.
Французинот, кој долго време се поврзуваше со интерес од Реал Мадрид, е среќен во англискиот фудбал – што е одлична вест за навивачите на Арсенал и за менаџерот Микел Артета. Шпанецот повеќепати нагласил дека го гледа Салиба како клучен дел од својот долгорочен проект.
„Сигурен сум, затоа што разговарав со него. Тој е среќен овде и сака да продолжи со нас. Верувам дека Вилијам е на местото каде што сака да биде“, изјави Артета претходно годинава.
Салиба мораше да го чека својот момент во Арсенал, откако пристигна од Сент Етјен во 2019 година. Тој помина последовни позајмици во Ница и Марсеј пред да се наметне како стандарден стартер во одбраната на „топчиите“. Оттогаш Французинот стана незаменлива фигура во тимот.
И самиот Салиба секогаш покажувал посветеност кон клубот, и покрај гласините за неговата иднина:
„Среќен сум овде и сакам да останам. Сакам да освојам големи трофеи со Арсенал. Ако го напуштиш овој клуб без да освоиш ништо, навивачите ќе те заборават. Моја цел е да станам најдобар дефанзивец во светот. Знам дека треба многу да работам, да ја подобрам концентрацијата, да давам повеќе голови и да му помагам на тимот да победува. Но, верувам дека не сум далеку од таа цел.“
Салиба веќе има 139 настапи за Арсенал, како и 28 за француската репрезентација. Неговиот фокус е насочен и кон Светското првенство во 2026 година во САД, Канада и Мексико.
Новиот договор ќе му овозможи целосно да се концентрира на настапите на теренот. Арсенал нема освоено трофеј од 2020 година, кога го подигна ФА Купот, а во последните три сезони завршува како вицешампион во Премиер – лигата. Салиба ќе има клучна улога во амбициите на клубот за титули во Англија и Европа.
Арсенал, кој моментално е на второто место во Премиер-лигата, во недела ќе се соочи со Њукасл во еден од дерби натпреварите од колото.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Ајакс доби засилување од Премиер – лигата
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)













