
Македонскиот прволигаш Работнички сака да го засили нападот со Азер Омерагиќ, офанзивецот на Вардар. „Романтичарите“ се подготвуваат за настап на европската сцена по седумгодишна пауза, а раководството на клубот се обидува да ја засили навалната линија на тимот.
„Романтичарите“ сметаат дека Азер Омерагиќ би бил идеално засилување за нападот на Работнички и би се вклопил брзо во тимот како централен напаѓач, заедно со младинските репрезентативци Димитар Данев и Никола Манојлов, како и Кристоџеј Далеј, на крилните позиции.
Омерагиќ е еден од капитените на Вардар и сигурно дека нема да биде лесно овој трансфер да се реализира, со оглед дека и „црвено-црните“, како освојувачи на Купот на Македонија, ќе настапуваат во квалификациите за Конференциската лига.
Работнички засега ги обнови договорите на Бесир Демири и на Ермедин Адем, а допрва се очекуваат и неколку нови имиња во тимот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Оливие Жиру постави нов рекорд во Лига Европа

Интернационалци
Аврамовски двоен стрелец во триумфот на Сиваспор (ВИДЕО)
