
Македонскиот прволигаш Тиквеш ја продолжи соработката со напаѓачот Александар Мишов. Тој ќе остане во клубот од Кавадарци и следната сезона.
Офанзивецот е првиот играч што го продолжува договорот со кавадарчани. Тиквеш сезонава во финишот го обезбеди опстанокот во Првата лига, но амбициите сигурно ќе бидат повисоки во наредниот период.
26-годишниот Мишов во минатото уште двапати го носеше дресот на Тиквеш, а исто така настапуваше за Брера, Борец, бугарскиот Етар, казахстанскиот Туран и грузискиот тим Самтредија.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement

Интернационалци
Аврамовски двоен стрелец во триумфот на Сиваспор (ВИДЕО)
