
Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов преку социјалните мрежи се збогуваше со Јагиелонија, каде што ја мина сезоната како позајмен играч од англискиот Барнли.
Чурлинов одигра одлична сезона во дресот на полскиот клуб, која ќе остане запаметена како една од најуспешните во историјата на Јагелонија. Тимот предводен од македонскиот офанзивец стигна до четвртфинале во Конференциската лига, што е најголем европски успех на клубот, а се закити и со трофејот во полскиот Суперкуп.
„Ти благодарам Јагиелонија за сезоната“, напиша Чурлинов во кратката, но емотивна порака на своите социјални мрежи.
Иако сѐ уште е играч на Барнли, останува неизвесно каде ќе ја продолжи кариерата во наредната сезона, особено по импресивните настапи во Полска.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
