
Ријека ја заокружи блескавата сезона со освојување на шампионската титула во хрватскиот шампионат – втора во клупската историја. Тимот од „Рујевица“ повторно се искачи на врвот, демонстрирајќи најголема конзистентност во трката со главните ривали, Динамо Загреб и Хајдук Сплит.
Во составот на новиот шампион настапува и македонскиот репрезентативец Јован Манев, кој на одлучувачкиот меч остана на клупата за резерви.
Последното коло донесе драматична завршница: Ријека и Динамо влегоа во последниот натпревар со по 62 бода, но Ријека имаше подобар меѓусебен скор. Хајдук со 60 бодови, исто така, беше во игра за титулата.
Ријека, под притисок, одигра со голема сигурност и без дозвола за изненадување. Пред полни трибини на „Рујевица“, Јанковиќ ја отвори серијата со погодок, а Фрук во 50. минута ја искористи грубата грешка на голманот на Славен Белупо за да зголеми на 2-0 и да ја завери титулата.
Иако и Динамо и Хајдук ги добија своите натпревари – Динамо со 1-0 против Вараждин (стрелец Сучиќ во 38. минута), а Хајдук со минимална победа над својот ривал благодарение на Пукштас (71′), тоа не беше доволно да ја спречат Ријека на патот до врвот.
Со оваа титула, Ријека ја прекина долгогодишната доминација на Динамо Загреб, кој беше шампион на 16 од последните 17 сезони – историски момент за клубот и навивачите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
