
Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Деспотовски официјално ќе остане во српската Суперлига, откако потпиша нов двегодишен договор со ОФК Белград.
22-годишниот дефанзивец, кој оваа пролет покриваше повеќе позиции во одбраната, се наметна како еден од клучните играчи во стабилната дефанзивна игра на белградскиот клуб. Неговите настапи не останаа незабележани, па интерес за него покажале клубови од Русија и Белгија. Сепак, раководството на ОФК Белград реши да го задржи и го обезбеди неговиот потпис со нов договор.
Неговите одлични игри не останаа незабележани и од селекторот Благоја Милевски, кој ќе го повика во А-тимот за претстојните квалификациски мечеви со Белгија и со Казахстан.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
